7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА5 извонредни факти што го прават Hisense Side by side BCD-535W фрижидерот совршен за...

5 извонредни факти што го прават Hisense Side by side BCD-535W фрижидерот совршен за секоја кујна

Hisense е експерт за ладење. Секогаш бара нови технологии кои ги подобруваат апаратите за ладење, го олеснуваат животот на корисниците и, што е најважно, подолго го одржуваат квалитетот на храната. Со разбирање на значајната улога на фрижидерите во нашиот секојдневен живот, новите трендови во распоредот на кујната, како и промените во животниот стил на корисниците, Hisense создава фрижидери кои нудат најдобри карактеристики на секој модел. Ако не сте сигурни кој тип фрижидер би бил најдобар за вас, проверете го нашиот водич за сите типови модели на фрижидери. Сепак, Hisense создаде комбиниран HisenseSide by side BCD-535W фрижидер што соодветствува на секоја кујна и на секој начин на живот. Со европски квалитет и голем капацитет, тој претставува одлична опција за семејствата, како и за сите кои сакаат да готват, да складираат поголеми количини на намирници или да организираат најизвонредни забави. Проверете што го прави овој Hisense Side by side комбиниран фрижидертолку импресивен, така што овој апарат треба да биде вашиот следен избор.

1.) Голем диспанзер за вода и мраз

На големите семејства и на големите забави им треба многу мраз. Hisense SBS BCD-535W фрижидерот може да произведе до 1,05 кг мраз и вода дневно, што може како количество да го задоволи целото семејство. Совршен за секоја потреба и желба. Никогаш нема да ве остави жедни,овозможувајќи ви да направите избор помеѓу коцки мраз, кршен мраз и ладна вода, само со притискање на едно копче.

2.) Најдобри услови за храната во секое време

За да ја одржувате вашата храна разладена на вистинската температура, без разлика каде е таа складирана, фрижидерите треба да одржуваат оптимална температура низ сиот простор за складирање. Hisense фрижидерот го постигнува тоа со импресивниот Multi Air Flow систем, кој рамномерно го распределува ладниот воздух и ја одржува секоја храна во најдобра форма и изглед. Бидејќи замрзнатата и свежата храна бараат различен начин на одржување, апаратот располага и со независни режими за контрола на системот за температура. Ова овозможува да се одржуваат не само различни температури туку и различни нивоа на влажност помеѓу преградите. Благодарение на повисоките нивоа на влажност што се обезбедуваат во ладилникот, храната што се чува таму останува свежа подолго време. Тој е опремен и со пет дигитални сензори за температура, кои играат важна улога во приспособување на ладењето за да соодветствува на условите со кои треба да располага еден фрижидер.

3.) Без непотребни инсталации

Апаратите за ладење не само што треба да ни го олеснат животот туку и да бидат лесни за употреба. Тоа е причината зошто овој модел на Hisense фрижидер е дизајниран со резервоар за вода без поврзување на водоводна мрежа, што значи дека можете да ги добиете сите ладни пијалаци од диспанзерот за вода без поврзување на водоводна мрежа или други дополнителни операции за одржување.

4.) Совршено вклопување со дизајнираната длабочина на работната површина во кујната(Counter Depth Design)

Иако може да се пофали со импресивно складирање, флексибилно и задоволувачко за секое семејство, длабочината на овој комбиниран фрижидер е дизајнирана според длабочината на кујнските елементи. Така овој апарат ќе се истакнува поради своите карактеристики, а не поради својата големина. Друг практичен детаљ во дизајнот е вратата што се затвора автоматски, што ќе ви овозможува да бидете безгрижни, бидејќи таа сама ќе се затвора дури и кога фрижидерот ќе се отвори на температура до 15°. За најдобро да го искористите овој простран додаток на кујната, одржувајте го уредно, со мала помош со нашите совети за чистење на фрижидерот.

5.) Лесен за користење (и за одржување)

Иако овој комбиниран фрижидер располага со многу функции, со него лесно се управува. Hisense не го троши времето на своите клиенти и разви искуство погодно за корисникот, тој да може да управува со лесен допир до апаратот и едноставно да се користи контролниот лед-панел со помош на допир. Преку неговите јасно видливи и лесно разбирливи икони и копчиња, може брзо да се движите низ преградените делови и да ја поставите саканата температура или саканите карактеристики за секој од нив. Сето ова е овозможено паралелно со прекрасниот минималистички дизајн, кој се вклопува во секоја кујна, без да ја засени естетиката на вашиот ентериер.

Hisense е горд спонзор на UEFA EURO 2024. Откријте ги најновите Hisense фрижидери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП