17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаков интернет маркетинг и е потребен на вашата компанија?

Каков интернет маркетинг и е потребен на вашата компанија?

internetmarketing1

Проверете ги овие мали совети за да го извлечете максимумот од Вашите твитови, постови на Фејсбук и е-пошта.

Лесно е да се помисли дека имате супер интернет маркетинг ако сте често на интернет. Но, понекогаш во вирутелниот, па и реалниот свет, работите се поинакви од што изгледаат. Еве некои факти кои би можле да ве изненадат.

1. Можеби постирате премногу често

Ние живееме во свет на пренатрупување. Многу маркинг стратегии го сугерираат овој пристап за на Фејсбук. „Track Social people“, кои имаат платформа за анализирање направија анализа. Последователните постови во еден ден на Фејсбук можат повеќе да Ви наштетат отколку да ви помогнат

Како што се зголемува бројот на постирања на ФБ, бројот на одоговри останува ист, што значи дека вие губите време и ресурси, бидејќи е подобро да постирате еден до два поста дневно.

2. Вие веројатно ги игнорирате Вашите клиенти

Уште една агенција за анализирање на социјалните медиуми утврди дека само 30 проценти од компаниите одговараат на прашањата на фановите, додека 25 проценти од компаниите не им дозволуваат на фановите да постираат на нивните ѕидови.

На овој начин, компаниите им кажуваат на клиентите дека тие не се интерсираат за нив. Социјалните медиуми се интерактивни. Ако не ги користите правилно, тогаш тие можат да го уништат Вашиот бизнис.

3. Праќајте мејлови кои се видливи на мобилен

Бидете сигурни дека Вашите мејлови се читливи на паметните телефони, бидејќи во последната година 80 проценти од сите мејлови се прочитани на овие телефони.

4. Бидете свесни за спамовите

Според Марк Ришер, директор на компанија за анти-спам софтвер, повеќе од 40 проценти од отворените сметки на социјалните медиуми се спамови, а 8 проценти од пораките се спамови. Постојат многу софтвери за заштита од овие спамови, затоа треба добро да размислите и да ја заштите својата репутација.

Со користењето на овие совети, Вие на Вашата компанија ќе и обезбедите подобар и попаметен интернет маркетинг од кој ќе бидете задоволни и Вие и Вашите клиенти и соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП