3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за два моќни модели на „Alfa“

Крај за два моќни модели на „Alfa“

Автомобилската индустрија се менува, а тоа подразбира суштинска промена во производната политика. Љубителите на спортски автомобили наскоро ќе се збогуваат со „Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio“ и „Stelvio Quadrifoglio“.

Ова го соопшти Лари Доминик, постар потпретседател на „Alfa Romeo“ и „Fiat“. Производството на овие два модели ќе заврши во јуни. Ова не е крајот на детелината со четири листа на автомобилите на „Alfa“, но таа ќе ги краси електричните спортски модели во иднина.

За потсетување, овие два одлични автомобили кои влегуваат во историјата се придвижувани од 2,9-литарски V6 мотор со два турбополначи и 510 ks. Звукот е спектакуларен, а во иднина ќе биде заменет со тишина.

Имено, првите најави на шефот на „Alfa Romeo“, Жан-Филип Импарато, сугерираат дека електричен седан со повеќе од 1.000 ks ќе ја замени сегашната „Giulia Quadrifoglio“. Новата електрична „Giulia“ ќе има 350 ks во основната верзија, „Veloce“ ќе има 800 ks, а „Quadrifoglio“ повеќе од 1.000 ks.

Автомобилот ќе биде поставен на „STLA Large“ механичка платформа за електрични автомобили на „Stellantis“. Ќе користи технологија од 800 волти и би можел да има домет од 800 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП