6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИзраелската армија се движи кон границата: Објавен е датумот на напад

Израелската армија се движи кон границата: Објавен е датумот на напад

Израелскиот министер Бени Ганц му даде рок на палестинскиот Хамас до 10 март да ги ослободи сите израелски заложници, заканувајќи се со офанзива врз градот Рафах.

Тел Авив за првпат одреди датум кога би можел да испрати војници во палестински град на границата со Египет каде што се засолниле повеќе од милион палестински цивили, забележува Би-Би-Си.

„Светот мора да знае, лидерите на Хамас мора да знаат – ако нашите заложници не се вратат дома до Рамазан, борбите ќе продолжат насекаде, вклучително и во областа Рафах“, рече Ганц во неделата. Оваа година Рамазан, светиот месец на постот во муслиманскиот свет, започнува на 10 март, забележува Би-би-си.

Израел „ќе ја координира и олесни евакуацијата на цивилите во дијалог со нашите американски и египетски партнери со цел да се минимизираат цивилните жртви“, додаде министерот.

Спомнувањето на Египет од страна на министерот може да поттикне шпекулации дека Израел очекува некои Палестинци да се обидат да побараат засолниште на египетската страна од границата, каде што се чини дека властите поставуваат голема опкружена област за таа цел, изјави дипломатскиот дописник на Би-Би-Си, Пол Адамс.

Но, израелските власти сè уште не објавија детали за планот за евакуација, додаде дописникот на Би-Би-Си. Остануваат точно три недели до почетокот на Рамазан, а бегалците се уште се во Рафа, само неколку од нив се упатиле кон запад, кон брегот, јавува Би-би-си.

И покрај меѓународниот притисок, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави копнен напад врз Рафа, кој треба да ги елиминира членовите на Хамас, јавува Би-Би-Си.

По упадот на Хамас на израелска територија во кој загинаа 1.200 луѓе, израелските вооружени сили го нападнаа Појасот Газа. Досега во израелските воени операции се убиени повеќе од 28.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 68.000 се ранети, соопшти палестинското Министерство за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП