22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Johnnie Walker ја зголеми продажбата

Сопственикот на Johnnie Walker ја зголеми продажбата

alkohol1

Британскиот производител на алкохолни пијалоци „Diageo“ ја зголеми продажбата за три проценти во третиот квартал од оваа година.

Растот на продажбата дојде првенствено благодарение на растот на активностите на латино-американскиот пазар, кој го компензираше падот во Западна Европа.

Како што пренесува Ројтерс, во периодот од јули-септември, производителот на прочуеното виски „Johnnie Walker“ и вотката „Smirnoff“ ја зголемил продажбата за 10,9 проценти во регионот на Латинска Америка –Карибите.

Во Северна Америка во истиот период продажбата е зголемена за 5,1 проценти, додека во регионот Африка-Европа и Турција таа е зголемена за 1,3 проценти, а во азиско-пацифичкиот регион за 0,6 проценти.

Продажбата во Западна Европа е намалена за 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП