5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Французите им недостасуваат 540 евра месечно

На Французите им недостасуваат 540 евра месечно

francijapeople1

На Французите во просек им недостасуваат 540 евра месечно за пристоен живот, покажуваат податоците од анкетата која ја спроведе агенцијата за истражување на јавнoто мислење „Opinion way“.

Оваа „дупка“ во месечниот буџет на Французите од 540 евра е за три проценти поголема во однос на минатата година, пренесува весникот „Еко“.

Жителите на главниот град, односно 75 проценти од нив изјавиле дека немаат доволно пари за лесен живот, што е за пет проценти повеќе во однос на 2012 година. Жителите од останатите градови на Франција се помалку незадоволни од куќниот буџет, односно 63 проценти.

Замрзнувањето на платите дополнително ја комплицира тешката ситуација во поглед на куќниот буџет.

Околу 60 проценти од анкетираните изјавиле дека ги намалиле средствата кои претходно ги трошеле на забава, а 42 проценти ги намалиле средствата кои претходно ги користеле за купување на технологија.

Повеќето испитаници не биле подготвени да ги намалат средствата за купување на прехрамбени производи, ниту за плаќање на стамбените трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП