3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалени приходите на Goldman Sachs

Намалени приходите на Goldman Sachs

goldman2

Американската банка „Goldman Sachs“ наведе дека во третиот квартал нејзиниот профит мирувал, додека приходите остро се намалиле, поради забавувањето на трговијата со обврзници.

„Goldman Sachs“ во третиот квартал заработи 1,43 милијарди долари, по исплатата на дивидендата на приоритетните акции, што е нешто помалку во однос на 1,46 милијарди долари од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Така, заработката изнесувала 2,88 долари по акција, во однос на 2,85 долари од септември 2012 година, надминувајќи ги очекувањата на финансиските аналитичари, кои предвидуваа профит од 2,44 долари.

Приходите се намалени за 20 проценти, на 6,72 од 8,35 милијарди долари, потфрлувајќи во однос на очекуваните 7,41 милијарди долари. Акциите на „Goldman Sachs“, кои неодамна беа вклучени во индустрискиот индекс на „Dow Jones“, утринава се намалија за 2,6 проценти на 158 долари за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП