4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе одржа меморијалниот турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест на прерано починатите...

Се одржа меморијалниот турнир „Маја Лазарова Тодорова“ во чест на прерано починатите колеги припадници на ОЗОЛО

Денеска (17.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во СЦ „Борис Трајковски” го прогласи за отворен Меморијалниот одбојкарски турнир ,,Маја Лазарова Тодорова“ во чест и сеќавање на прерано починатите колеги припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти, а во присуство на началникот Александар Нацевски, припадниците на ОЗОЛО, како и семејствата на прерано починатите припадници.

„Дозволете ми во оваа пригода во мое лично и во име на Министерството за внатрешни работи да изразам благодарност до Организациониот одбор на укажаната чест да бидам дел од Меморијалниот турнир ,,Маја Лазарова Тодорова“ во чест и сеќавање на прерано починатите колеги припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти и да го прогласам отворањето на Меморијалниот одбојкарски турнир”, рече Бојмацалиев.

„Традицијата e значајна вредност длабоко вткаена во човековото постоење. Таа се негува и пренесува од генерација на генерација, ни дава чувство на припадност и блискост, претставува важна нитка благородна за почит чија цел е спомените и сеќавањата да останат бесмртни. Овој Меморијален турнир ја има токму таа возвишена цел повторно да не сплоти, заедно да се присетиме на ликот и делата на нашите драги колеги кои повеќе не се со нас , на луѓето што некогаш беа важна алка од синџирот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, непроценливо богатство на Министерството за внатрешни работи”, истакна Бојмацалиев.

Оддавајќи им должна почит ним и на нивните најблиски, Бојмацалиев рече дека нивната загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести.

„Ние истовремено оставаме и една силна порака, дека никогаш нема да бидат заборавени и дека тој долг не обврзува постојано да тежнееме да бидеме подобри и по достојни луѓе”, рече Бојмацалиев, притоа во свое и во име на Министерството за внатрешни работи изрази посебна почит кон споменот на нашите прерано починати колеги и кон нивните семејства, со уверување дека спортскиот дух на оваа традиционална манифестација се најдобриот влог што ќе овозможи долговечност и незаборав.

Од страна на началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, Александар Нацевски, беше истакнато дека придонесот и заложбата на прерано починатите колеги секогаш ќе се памети, а постарите колеги ќе го пренесуваат искуството на помладите колеги, за тоа што значи модерното полициското работење, посветеност и храброст во извршувањето на работните задачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП