3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЅвер на четири тркала: Има 1.100 „коњи“, а од цената „се паѓа...

Ѕвер на четири тркала: Има 1.100 „коњи“, а од цената „се паѓа во несвест“ (ВИДЕО)

Што ако ви кажеме дека има „SUV“ направен по нарачка кој има 1.100 коњски сили и две седишта?

Прво, би не прашале колку чини, а одговорот би бил: многу. Американската компанија „Scarbo Vintage“ го направи првиот уличен хиперкамионет, а неговата цена е вртоглави 1,5 милиони долари.

„SV Rover“ се напојува од бензински V8 мотор со 1.100 ks или електрична батерија од 1.000 ks.

Возачите можат да избираат помеѓу погон на две или четири тркала, а исто така можат да ја прилагодат висината на возењето за удобност на возачот и патникот.

Каросеријата е мешавина од јаглеродни влакна и алуминиум, а се наоѓа на гуми од 40 инчи (тркалата се 20 инчи), заедно со карбон-керамички сопирачки.

Внатре во кабината обложена со Алкантара има две спортски седишта и 12,3-инчен дигитален екран заедно со 12,8-инчен инфозабавен дисплеј. Возилото е инспирирано од американските суперавтомобили и класичните британски теренски возила како што е „Land Rover Defender“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП