20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАOтворање на фабриката Кромберг и Шуберт во Жабени

Oтворање на фабриката Кромберг и Шуберт во Жабени

krom

Во индустриската зона Жабени во Битола денеска ќе биде отворена фабриката Кромберг и Шуберт. Компанијата ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а производите ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили БМВ, Мерцедес, Ауди… Оваа германска
инвестиција беше најавена во мај 2012 година.

Кромберг и Шуберт вработува повеќе од 23.000 луѓе ширум светот, а во Македонија најави вработувања на 2.500 работници. Вкупната инвестиција се проценува на 20 милиони евра.

„Кромберг и Шуберт“ е семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника.

Во септември годинава во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ веќебеа вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања за до крајот на 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар