4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени прогнозите за економскиот раст на Германија

Намалени прогнозите за економскиот раст на Германија

berlin2

Водечките германски економски институти ја преполовија прогнозата за економскиот раст на Германија за 2013 година на 0,4 проценти.

Тие, сепак, соопшти дека домашната побарувачка ќе придонесе за силен напредок во наредната година.

Според предвидувањата на четирите институти, германската економија наредната година ќе оствари раст од 1,8 проценти, по овогодинешниот проектиран раст од 0,4 проценти, пренесува Франс прес.

„Германската економија ќе има раст, кој ќе биде предводен од домашната побарувачка“, се наведува во заедничкото соопштение на институтот ИФО од Минхен, ДИВ од Берлин, ИВ од Хале и РВИ од Есен.

Овие податоци речиси одговараат со прогнозите на германската влада, која за оваа година предвидува раст од 0,5 проценти и 1,6 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП