6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft ќе инвестира 3,2 милијарди евра во развој на вештачка интелигенција во...

Microsoft ќе инвестира 3,2 милијарди евра во развој на вештачка интелигенција во Германија

Американскиот технолошки гигант Microsoft ќе инвестира 3,2 милијарди евра во инфраструктурата за вештачка интелигенција (AI) во Германија во следните две години, изјави денеска претседателот на таа корпорација Бред Смит.

„Германските компании многу брзо се прилагодуваат на технологиите поврзани со вештачката интелигенција“, рече Смит на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе Блумберг.

Тој додаде дека Microsoft сака да ги прошири своите центри за обработка на податоци во Европа.

Минатата недела, компанијата објави амбициозен план за обука на два милиони индиски граѓани да користат алатки за вештачка интелигенција (AI) до 2025 година, во рамките на иницијативата ADVANTA(I)GE INDIA.

Лансирањето на програмата го најави извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела за време на официјалното патување во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП