Според најновите вести, „Honda“ би можела од европскиот пазар да ги повлече моделите на хибриден погон „Insight“ и „CR-Z“. Како една од главните причини за ваквиот чекор на јапонскиот автомобилски гигант се истакнува нивната слаба продажба.

До престанок на продажбата во Европа најверојатно ќе дојде и пред појавуањето на новите генерации на овие два модели, пишува „Auto Express“ повикувајќи се на извори од компанијата.

Само за потсетување, „Insight“ е опремен со хибриден погонски систем кој се состои од 1.3 литарски „i-VTEC“ бензинец и електромотор. Комбинираната моќ на двата агрегати достигнува 102 ks (75 kW), a максималниот вртежен момент изнесува 200 Nm.
Моделот „Honda CR-Z“, кој е замислен како хибрид со спортски карактеристики, покрај електромоторот има и нешто помоќен 1.5 литарски бензински мотор. Хибридниот погон на овој автомобил е во состојба да произведе 137 ks (100 kW).