4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНе требаше долго за да се започне бизнис со налепниците „НМК“

Не требаше долго за да се започне бизнис со налепниците „НМК“

Налепниците „НМК“ се појавија на продажба на страници на интернет, по цена од 50 денари.

Додека се случува метеж во станиците за технички преглед, на неколку страници осамнаа објави кои нудат налепници дури и со достава до домашна адреса по карго, а тврдат и дека се отпорни на надворешни влијанија.

Претходно, Министерството за внатрешни работи oдлучи налепниците со ознаката НМК да бидат на товар на МВР.

„Налепниците ќе бидат бесплатни за граѓаните и ќе треба да се залепат на регистарските таблици“, објави Министерството минатата недела.

Станиците за технички преглед деновиве се преполни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП