14 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America ги надмина очекувањата

Bank of America ги надмина очекувањата

bankofamerica1

„Bank of America“, втората банка по големина во САД, во третиот квартал оствари профит поголем од очекуваниот, благодарение на повратот на инвестициите и наплатата на камата.

Нето профитот на банката се зголеми на 2,5 милијарди долари во тие три месеци, заклучно со септември, од 340 милиони долари од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Заработката по акција од 20 центи ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа профит од 19 центи по акција. Приходите истовремено се намалија на 22,2 од 22,5 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 22 милијарди долари.

„Bank of America“ наведува дека добрите резултати се остварени благодарение на силниот раст на кредитирањето, квалитетот на кредити и високиот обем на депозити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП