29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна за Royal Bank of Scotland

Казна за Royal Bank of Scotland

rbs11

Британските и американските власти би можеле да ја казнат „Royal Bank of Scotland“ со 500 милиони фунти, поради аферата со манипулирањето со меѓубанкарската каматна стапка Либор.

Весникот „Вол Стрит Журнал“, пишува дека американските власти се залагаат за вонсудски договор, според кој банката ќе ги признае обвиненијата.

Извори блиски до преговорите, изјавија дека договорот би можел да се постигне во наредните две недели и дека „Royal Bank of Scotland“ досега одбива да ја признае вината, стравувајќи дека поради тоа би можела да ги загуби клиентите.

Портпаролот на банката, која беше спасена од пропаст со пари од британските даночни обврзници, изјави дека оваа финансиска институција целосно соработува со истражните органи.

Британската држава поседува 82 проценти од оваа банка, која се наоѓа во Единбург, после големата финансиска помош која и беше дадена во екот на глобалната финансиска криза.

Аферата „ЛИБОР“ избувна во јуни 2012 година, кога банката „Barclays“ беше казнета со 290 милиони фунти, со одлуката на британската и американската регулаторна агенција, поради обидите за манипулирање со меѓубанкарските каматни стапки либор и еурибор во периодот од 2005 до 2009 година.

Швајцарската банка „UBS“, поради овој прекршок во декември беше казнета со рекордни 1,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП