7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan и официјално се откажа од Pixo

Nissan и официјално се откажа од Pixo

pixo

Раководството на „Nissan“ донесе одлука да престанат со производство на моделот „Pixo“ со желба подобро да се концентрираат на малите модели.

Официјален претставник на компанијата изјави дека овој производител повеќе нема да прима нарачки за овој модел, а откако ќе бидат испорачани досега побараните возила, тие во целост ќе го прекинат производството.

„Nissan“ сега сака да се фокусира на помалите автомобил, како што се „Micra“, „Note“ и „Juke“, бидејќи тие претставуваат многу важен сегмент.

„Nissan Pixo“ го одликува истата архитектура како и „Suzuki Alto“ кој и натаму се произведува во фабриката каде што некогаш се произведуваше и „Pixo“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП