2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален прометот во индустријата за 1,9 проценти во август

Намален прометот во индустријата за 1,9 проценти во август

industrija1

Прометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Споредено со јули годинава во август прометот во индустријата бележи намалување за 2,5 проценти, а е зголемен за 5,8 проценти во периодот јануари-август годинава, во однос на јануари-август лани.

На домашниот пазар прометот во индустријата во август годинава споредено со август минатата година е намален за 13 проценти, а е зголемен за 4,4 проценти на странските пазари пораст.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ бележи опаѓање од 6,7 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ опаѓање од 1,6 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во август годинава, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај „енергија“ за 71,8 проценти, „капитални производи“ за 15,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 проценти, додека опаѓање е регистрирано кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 11,1 процент и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 20,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП