27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Целта на Турција е енергетска независност

Ердоган: Целта на Турција е енергетска независност

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата е на пат да стане енергетски независна.

„Одлучно и храбро спроведуваме чекори кои ќе ја гарантираат енергетската безбедност на Турција. Нашата најважна цел е да постигнеме целосна енергетска независност“, рече Ердоган.

Тој додаде дека дневното производство на нафтениот извор, на планината Габар на југоистокот од земјата, надминало 35.000 барели.

„Покрај тоа, тој број се зголемува од ден на ден. Нашата цел е да го зголемиме дневното производство во Габар на 100.000 барели до крајот на 2024 година. Како што темната сенка на тероризмот се повлекува од нашиот регион на источна и југоисточна Анадолија, ќе најдеме многу повеќе, ако даде Господ“, рече Ердоган.

На крајот на 2022 година, Ердоган рече дека Турција открила 150 милиони барели нето резерви на нафта на планината Габар на југоистокот на земјата, во вредност од 12 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП