6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТензиите на Блискиот Исток ја зголемија цената на нафтата

Тензиите на Блискиот Исток ја зголемија цената на нафтата

Во саботата наутро цената на нафтата WTI, репер за американскиот пазар, беше 76,84 долари, а нафтата од типот брент 82,19 долари за барел и тие се во пораст.

Цените на нафтата се искачија над 82 долари на меѓународните пазари во петокот, поради влошените изгледи за прекин на конфликтот во палестинскиот Појас Газа, објави Oil Price.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 79 центи повисока од претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 82,42 долари. Во Њујорк барелот се тргуваше по повисока цена од 1,02 долари, пренесува Мина.

Пазарите беа потресени во четвртокот поради влошените изгледи за прекин на конфликтот во окупираниот палестински Појас Газа. Израелските сили го бомбардираа градот Рафа на границата меѓу Газа и Египет, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата го отфрли предлогот на палестинскиот Хамас за прекин на огнот.

Во петокот израелските сили продолжија со воздушните напади врз Газа.

Во петокот Украина со беспилотни летала нападна две рафинерии во јужна Русија. Пожар избувна во рафинеријата Илски. И покрај повторените украински напади и техничките проблеми, Русија во февруари извезла повеќе нафта од планираното со договор на водечките производители.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, го намалуваат производството за да ги поддржат цените во време на намалена побарувачка.

„Сè уште чекаме доказ дека Русија може доволно да го намали извозот дури и без ограничувања наметнати од временските услови“, рече аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич, коментирајќи го намалувањето на понудата од групата ОПЕК+.

Во меѓувреме, американското Министерство за финансии санкционираше уште три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и еден танкер регистриран во Либерија, за транспорт на руска нафта поскапа од 60 долари. Групата од седум најразвиени земји (Г7) ја постави горната граница за намалување на рускиот приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП