6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја одложува одлуката: Интервенираа Германија и Италија

ЕУ ја одложува одлуката: Интервенираа Германија и Италија

Европската унија го одложува законот за синџири на снабдување поради приговори од Германија и Италија.

Земјите од Европската унија ја одложија одлуката за предложениот закон кој ќе бара од големите компании да утврдат дали нивните синџири на снабдување користат принудна работа или ѝ штетат на животната средина.

Оваа одлука дојде откако Германија и Италија навестија дека ќе се воздржат од гласање, објави Ројтерс.

Белгиското претседателство со ЕУ денеска соопшти дека точката е отстранета од дневниот ред на состанокот на претставниците на 27-те земји од ЕУ и дека најверојатно ќе се разговара на 14 февруари.

Еден дипломат изјави за Ројтерс дека е јасно дека нема доволно пратеници од 27-те земји на ЕУ за да го поддржат нацрт-законот, додавајќи дека Германија ќе се воздржи. Одлучувачки потег беше одлуката на Италија да се воздржи во последен момент, според италијански извор.

Германскиот министер за финансии и лидер на Слободните демократи (ФДП) Кристијан Линднер, на својот профил на социјалните мрежи „Х“ (Твитер) се спротивстави на законот, тврдејќи дека тој ќе го оптоварува бизнисот со прекумерна бирократија.

Од друга страна, извршниот директор и основач на фондацијата „Еколошка правда“, Стив Трент, наведува дека некои влади неодговорно го блокираат законот.

„Заштитата на потрошувачите, човековите права и одржливоста на планетата за идните генерации се во прашање“, рече тој.

За усвојување на овој закон е неопходно квалификувано мнозинство од 15 земји од ЕУ, кои претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ, за да се дојде до конечното гласање во Европскиот парламент, каде се очекува законот да добие поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП