30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвазија на Европа: Кинезите го проширија пристаништето

Инвазија на Европа: Кинезите го проширија пристаништето

Грчкото пристаниште Пиреја отвори нов терминал за автомобили што треба да го зголеми трговскиот капацитет, со поддршка на мнозинскиот сопственик кинескиот гигант Cosco.

Пристаништето го прошири терминалот за речиси 40.000 метри квадратни, на 100.000 метри квадратни, како дел од обврските од договорот за концесија.

Грција беше принудена да ја приватизира транспортната инфраструктура со цел да обезбеди спасувачки пакети од Европската централна банка (ЕЦБ), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија во нејзината должничка криза. Во 2016 година, тие продадоа две третини од акциите во пристаништето Пиреја на кинеската Cosco.

Грчката филијала на кинескиот логистички гигант Cosco инвестираше 20 милиони евра во проширување на терминалот, обезбедувајќи простор за уште 5.100 автомобили.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави во 2019 година дека Пиреја е „важен центар за брзо поврзување копно-морско меѓу Кина и Европа“.

На свеченото отворање на проширениот терминал присуствуваа грчкиот министер за поморски работи и островска политика Христос Стилијанидес и министерот за национална економија и финансии Костис Цацидакис, како и кинескиот амбасадор во Грција Ксијао Јунџенг и претседателот на Капетанијата на пристаништа Женг Ганг.

Во 2022 година, Пиреја го делеше деветтото место со германскиот Бремерхавен во рангирањето на најпрометните пристаништа во ЕУ, со 42 милиони тони обработен товар, според податоците на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП