4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Сакате иста пензија како мажите - работете уште 19 години“

„Сакате иста пензија како мажите – работете уште 19 години“

Жените би требало да работат дополнителни 19 години за да се пензионираат со ист износ на пензија како и мажите.

Ова се наведува во анализата објавена од Британскиот институт за пензиска политика (PPI).

Истражувањето покажува дека жените кои се пензионираат на 67 години ќе имаат во просек заштедени 69.000 фунти, во споредба со 205.000 фунти, кои мажите треба да ги заштедат, објави Гардијан.

Податоците, објавени од PPI, сугерираат дека според сегашниот систем, каде што уписот во пензискиот фонд започнува на 22-годишна возраст, девојката треба да почне да штеди на три години за да се пензионира со иста сума пари како и вработените мажи.

Бидејќи автоматското запишување во пензискиот фонд на Обединетото Кралство започнува на 22 години, кога работниците влегуваат во пензиска шема спонзорирана од работодавачот, 19-годишниот јаз меѓу половите всушност значи дека ако не започнат од тригодишна возраст, девојчињата веќе заостануваат зад момчињата кога станува збор за обезбедување на остатокот од животот, според истражувачите.

Покрај тоа, жените живеат во просек околу седум години подолго од мажите, што значи дека и нивните пензии мора да траат подолго.

Критичарите на соодносот на пензиите бараат укинување на прагот на заработка од 10.000 фунти годишно за луѓето кои автоматски се запишуваат во пензиски фонд за едно работно место, бидејќи тоа дисквалификува многу жени кои имаат повеќе работни места, работат со скратено работно време или се самовработени.

Возраста за пензија во Обединетото Кралство од 66 години треба да се зголеми на 67 години помеѓу 2026 и 2028 година, а се очекува да биде 68 години од 2044 година.

Сепак, истражувањето објавено претходно оваа недела сугерира дека прагот ќе мора да се искачи на 71 за оние родени по април 1970 година.

Бројките објавени денес, исто така, покажуваат дека проценетата сума пари потребна за умерен животен стандард во пензија скокнала за 8.000 фунти годишно, или 34 отсто, како резултат на зголемувањето на голем број трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП