12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на eBay прави независна медиумска организација

Основачот на eBay прави независна медиумска организација

Pierre-Omidyar

Основачот на „eBay“, Пјер Омидјар објави дека ќе формира независна медиумска организација, која ќе покрива широк спектар на вести – од спорт до политика, и тоа  за обичните читатели. Оваа организација ќе биде под раководство на големи имиња во новинарството, вклучувајќи го и поранешниот дописник на весникот „The Guardian“, Глен Гринвалд.

Роден во Франција, 46-годишен Омидјар кој е од иранско-американско потекло, наведува дека размислувал да го купи весник „Washington Post“, кој е во сопственост на основачот на „Amazon“ Џеф Безос, но одлучи дека сака да создаде новинска организација „од нула“.

„Токму сега сум во почетна фаза на создавање на нова медиумска организација. Се уште не знам како или кога ќе биде претставена или како ќе изгледа”, вели Омидјар, кој се уште е претседател на компанијата за трговија, основана од него.

„Имам голем интерес за поддршка на независното новинарство. Сакам да најдам начини да ги претворам обичните читатели во ангажирани граѓани. Мислам дека во оваа сфера може да се направи повеќе и нестрплив сум да се истражуваат можностите“, истакнува тој.

Списанието „Forbes“ го проценува богатството на Омидјар на 8.5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП