2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Polestar 4“ пристигнува во Европа, цената не е нималку наивна

„Polestar 4“ пристигнува во Европа, цената не е нималку наивна

„Polestar 4“, автомобилот зад брендот „Volvo“, е достапен само во Кина од април минатата година. Сега, сепак, пристигнува и во Европа и Австралија.

Иако е достапен за нарачки на овие два континента, производството не се очекува да започне до средината на годината, па првите испораки би можеле да се случат во август.

Овој модел е важен за самиот бренд „Polestar“, бидејќи е прв од ваков вид кој се вклопува во се попопуларната категорија SUV со средна големина. Тој е нешто помал од неговиот братучед „Polestar 3“, кој исто така пристигнува во Европа и Австралија оваа година.

Почетната цена за „Poelstar 4“ ќе биде 63.200 евра за варијантата со еден мотор, додека онаа со два чини 71.200, а може да се зголеми за уште 4.500 во зависност од пакетот опрема што ќе го изберат клиентите, објави „Mashable“.

Што се однесува до перформансите, станува збор за автомобил кој, како што кажавме пред малку, ќе се нуди во две варијанти.

Првата, основна верзија, има еден мотор и погон на задните тркала, со 272 ks и барана автономија од 600 километри.

Верзијата со два мотори има малку помал досег – до 560 km, а батериите се полнат доста брзо, бидејќи е поддржано полнење од 200 kW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП