2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ заврши со седанот „Arteon“

„Volkswagen“ заврши со седанот „Arteon“

Веќе минатото лето, извршниот директор на „Volkswagen“ – Томас Шефер, ја објави својата намера да се откаже од голем број модели за да се фокусира на попопуларниот дел од гамата. Тогаш тој нагласи дека „Arteon“ ќе биде укинат, но не прецизираше конкретна временска рамка. Излегува дека луксузниот пандан на „Passat“ веќе е отстранет од производната лента.

Претставник на „Volkswagen“ извести дека последниот седан „Arteon“ бил склопен уште минатата година. Така, моделот „Arteon“ повеќе не се произведува во фабриката за автомобили во Емден, а само караванот – „Shooting Brake“, останува на производната лента во фабриката во Оснабрик. Ќе остане на производната лента до 2026-та година, соопшти компанијата.

Прекинот на седанот „Arteon“ доаѓа во време на одлуката да не се нуди „Passat“ во варијанта со 4 врати, туку само како караван. „Volkswagen“ планира да ги замени седаните „Arteon“ и „Passat“ со електричниот лифтбек „ID.7“, кој веќе е на пазарот. Кон крајот на годината ќе следи и караван „ID.7 Tourer“.

Германската компанија се подготвува да им каже збогум на дизел автомобилите, а неодамна фејслифтираниот „Golf“ ќе биде последен од ваков вид кој ќе има конвенционален погон. Истото важи и за неодамна претставената следната генерација на „Tiguan“ и новиот „T-Roc“, кој е на пат да биде пуштен во продажба.

Планот на „Volkswagen“ е до 2032-ра година да произведува и продава само електрични возила во Европа. Оваа одлука ќе има сериозни последици, бидејќи ќе влијае и на тесно поврзаните модели на „Skoda“, „SEAT“, „Cupra“ и „Audi“. Што се однесува до Кина, „VW“ таму зазема поинаков пристап и новиот „Magotan“, кој во основа е „Passat“, но со поинаков изглед, веќе е на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП