30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците започнаа со тестирање: Повеќе од 70 отсто од вработените сакаат да...

Германците започнаа со тестирање: Повеќе од 70 отсто од вработените сакаат да работат 4 дена во неделата, конечната одлука ќе биде донесена за 6 месеци

Во 45 компании низ Германија започна имплементацијата на четиридневната работна недела. Во тој период ќе се утврдуваат ефектите од намаленото работно време врз платата како што било во петдневната работна недела. Тестирањето ќе трае половина година.

Иницијативата за четиридневната работна недела е предводена од берлинската консултантска компанија 4 Day Week Global (4DWG).

Поборниците за скратување на работната недела се надеваат дека тоа ќе ги направи работниците посреќни и попродуктивни во време кога растот на продуктивноста во Германија е бавен и има недостиг на работна сила.

Според податоците на Централната банка на Германија, врвот на продуктивноста во оваа земја бил во ноември 2017 година и оттогаш континуирано се намалува. Сепак, таа продуктивност е сè уште далеку повисока од онаа на другите големи европски економии.

Според застапниците на четиридневната работна недела и повеќето од оние кои имаа можност да работат четири дена во неделата, тоа ќе ја зголеми благосостојбата на работниците, ќе ги направи попродуктивни. Се верува дека тоа би ги поттикнало оние кои не сакаат да работат бидејќи сметаат дека петдневната работна недела е предолга за да се вработат. Така, постои можност за ублажување на проблемот со недостигот на работна сила.

Германската трговска и индустриска комора (ДИХК) во ноември 2023 година објави дека половина од германските компании се борат да пополнат работни места.

Дури 71 процент од Германците САКААТ 4 РАБОТНИ ДЕНА

Според истражувањето на Форбс, 71 отсто од вработените Германци сакаат да можат да работат четири дена во неделата. Повеќе од три четвртини ја поддржуваат одлуката на Владата да размислува за воведување четиридневна работна недела, а двајца од тројца работодавачи ја поддржуваат и одлуката на Владата.

Значително мнозинство (75 проценти) веруваат дека четиридневната работна недела би била пожелна за вработените, додека 59 проценти веруваат дека тоа би било прифатливо за работодавците. Речиси половина од работодавците (46 проценти) веруваат дека тестирањето на четиридневната работна недела е изводливо на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП