6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЦРН ОБЛАК СЕ КРЕНА НАД БРИТАНИЈА: Веста за тешката болест на кралот...

ЦРН ОБЛАК СЕ КРЕНА НАД БРИТАНИЈА: Веста за тешката болест на кралот Чарлс ја шокираше нацијата!

На кралот Чарлс му е дијагностициран облик на рак, објави Бакингемската палата. Тие не прецизираа за каков вид на рак се работи. Тоа не е рак на простата, но беше откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.

Бакингемската палата изјавила дека кралот денеска почнал со „редовни третмани“. Тие додадоа дека кралот „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“.

„Неговото височество избра да ја сподели својата дијагноза за да спречи шпекулации и со надеж дека ќе помогне да се зголеми разбирањето на јавноста за сите оние ширум светот погодени од рак“, забележаа тие.

Кралот утрово отпатува од Сандрингам за Лондон за да започне со лекување, но вечерва е дома во Лондон. Чарлс ќе ги одложи своите јавни настапи, како што советуваат неговите лекари.

Се очекува и други членови на кралското семејство да му помагаат во неговите должности. Иако ќе ги паузира своите јавни настапи, 75-годишникот ќе продолжи да ја извршува својата уставна улога како шеф на државата.

Инаку, Чарлс последен пат беше виден во јавноста вчера, на миса во Сандрингем, каде што им мафна на толпата. Пред повеќе од една недела тој беше опериран на простатата во приватна болница во Лондон. Кралот одлучил да излезе во јавноста за лекувањето на простатата, со цел да охрабри повеќе мажи да подлежат на прегледи на простата, објави тогаш палатата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП