6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHarley Davidson повлекува 30.000 мотоцикли

Harley Davidson повлекува 30.000 мотоцикли

harli

Производителот на култните мотоцикли „Harley Davidson“ повлекува 30 илјади машини поради проблем со хидрауличниот систем за влечење. Поради дефектот можно е да се појават проблеми при активирањето на сопирачките.

Од компанијата истакнуваат дека проблемот бесплатно ќе биде отстранет во целост.

Инаку во оваа акција се опфатени моделите „FLHTCU“, „FLHTK“, „FLHTP“, „FLHX“, „FLHXS“, „FLHTKSE“, „FLHRSE“, „Softail CVO“, „Trike“, „FLHTCUTG“, „FXSBSE“ и „FLSTNSE“. Сите овие мотоцикли биле пуштени во продажба во периодот од мај до октомври оваа година.

„Harley Davidson Motor Company“ е основана во 1903-та година, а седиштето на компанијата е базирано во Милвоки, Висконсин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП