Во Струга од денеска до 19 октомври ќе биде одржана четвртата конференција на програмата за поддршка на жените „Инвестирај за иднината“. Со овој настан Македонија и официјално станува дел од мрежата на земјите од Југоисточна Европа и Евроазија со отворена канцеларија на оваа програма и координатор за земјата.
На конференцијата ќе учествуваат стотина жени делегати од 15 земји меѓу кои Македонија, Србија, Хрватска , Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора. Останатите гости учеснички доаѓаат од САД, Англија, Полска, Романија, Турција, Молдавија, Грузија и Азербејџан.
Целта на конференцијата е присутните жени претприемачи, образувачи, креатори на политики, водачи на цивилното општество и раководители во јавниот сектор да ги споделат своите искуства што ќе резултира во обединет менторски потенцијал и мрежа за поттик и поддршка на жените во бизнисот.
Програмата „Инвестирај за иднината“ е креирана и поддржана од Стејт департментот на САД во 2010 година под водство на тогашниот државен секретар Хилари Клинтон и првиот глобален амбасадор за женски права Мелани Вирвир.