6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДали владата ги излажа здравствените работници кои чекаа вработување на неопределено време?!

Дали владата ги излажа здравствените работници кои чекаа вработување на неопределено време?!

Независниот синдикат на здравствените работници е револтиран од дописот кој пристигнал во сите Јавни здравствени установи, во кој стои дека и натаму е потребна согласност од Министерството за финансии за вработување на лица на неопределено време. Револтот е голем бидејќи токму од ова министерство добиле ветување дека тоа повеќе не е правило. Дополнително, синдикалците не можат да поверуваат дека сега во вода паѓа и одлуката на владата со која требаше да биде решен статустот на 1170 здравствени работници кои повеќе од три години чекаат решение за својот статус во македонското здравство.

Во документот до кој стаса Денар се наведува дека им се налага на сите Јавни здравствени установи дека без министерството за финансии нема да може да се врши вработување. Синдикалците обвинуваат за некоординираност во владата со образложение дека само пред еден месец, им беше ветено дека по први јануари нема да треба потпис и согласност од финансии.

„Сите јавни здравствени установи кои имаат одобрение од Министерството за здравство за вработување во 2024 година издадена и проследена до Фондот за здравствено осигурување, а потоа ФЗОРСМ до Министерствот за финансии, во согласност со Законот за буџет и Законот за извршување на буџет чекаат согласност од министерството за финансии за обезбедување на финансиски средства за фискалната 2024 година“, стои во документот.

Како потврда дека владата донесе одлука за вработување на дел од здравствените работници, на владиниот сајт се уште стои таа информација од владината седница.

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за здравство за вработување здравствени работници и здравствени соработници за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија. Владата донесе Одлука за вработување на неопределено време на вкупно 1.117 лица, здравствени работници и помошно-технички работници. Според образложенијата од Министерството за здравство и Министерството за финансии, во утврдувањето на горепосочените вработувања, земени се предвид испразнети места во јавните здравствени установи по основ на пензионирања и на веќе дадени согласности за вработувања. Средствата се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.“ стои во одлуката на Владата.

Сега синдикалците јавно ги прашуваат властите, зошто беа излажани не само тие туку, сите 2500 здравствени работници кои барем на кратко добија надеж дека работите во оваа држава ќе тргнат на добро.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП