10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ја продаде првата компанија во рамките на приватизацијата

Словенија ја продаде првата компанија во рамките на приватизацијата

slovenija1

Словенија вчера потпиша договор за продажба на „Хелиос“, првата од 15 државни компании за кои одреди да бидат приватизирани, во обид земјата да ги собере потребните средства.

Конзорциумот главно од државни акционери продаде 73 проценти од акциите на производителот на боја „Хелиос“ на австриската компанија „Ринг Интернационал Холдинг-РИХ“, пренесува Франс прес.

„РИХ“ се согласи да плати 520 евра за акција, со што вредноста на фабриката за боја од Љубљана беше проценета на 145 милиони евра.

Словенечкиот парламент во јуни ја одобри приватизацијата на 15 државни компании, вклучувајќи го и словенечкиот Телеком и авиокомпанијата „Адриа Ервејз“, со цел стабилизација на јавните финансии и решавање на проблемот во банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП