2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканската војска: погодени повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија

Американската војска: погодени повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија

Војската на САД соопшти дека воздушните напади погодиле повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија и дека во нападите биле користени бројни авиони, вклучително и бомбардери со долг дострел кои летале од САД.

„Силите на Централната команда на САД извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда и сојузничките милиции. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери со долг дострел, кои пристигнаа од Соединетите држави“, се вели во соопштението на Централната команда.

Беше прецизирано дека во воздушните напади биле користени повеќе од 125 прецизни ракети и дека целите биле командни и разузнавачки центри, магацини за ракети, ракети и беспилотни летала, логистика и објекти во синџирот на снабдување со муниција на „милициските групи и нивните спонзори од иранската Револуционерна гарда“ која овозможи напади врз американските и коалициските сили“, пренесува Си-Ен-Ен.

Американските власти соопштија дека биле погодени четири објекти во Сирија и три во Ирак, каде што безбедносните службеници пријавиле штета во градот Ал-Каим.

Локациите, наводно, припаѓале на различни милиции поддржани од Иран, кои САД ги обвинуваат за нападот врз нивната база во Јордан.

Во напад со дрон врз американската база во Јордан минатата недела загинаа тројца припадници на американската армија.

САД тврдат дека Иран е одговорен за финансирањето и вооружувањето на милитантите, додека Техеран негира вмешаност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП