3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедачите во светот поради инфлацијата губат 100 милијарди евра

Штедачите во светот поради инфлацијата губат 100 милијарди евра

moneybox1

Австрискиот имот во готовина на годишно ниво се помалку вреди, бидејќи инфлацијата расте побрзо од каматата.

Загубата на основа на инфлацијата изнесува 3,5 милијарди евра годишно, проценува главниот економист на „DekaBank“, Улрих Катер.

Тој, изјави дека германските штедачи годишно, поради разликата меѓу каматата и инфлација, губат околу 10 милијарди евра, а ширум светот загубата е околу 100 милијарди евра.

Во Австрија, како што се наведува, попаметно се инвестира отколку во Германија, бидејќи е забележано поголемо штедење преку хартиите од вредност, како што се акциите, додека мал е процентот на лица кои штедат готовина.

Најновата анализа на „Erste Bank“ покажува дека екстремно ниските камати не ги заплашуваат штедачите.

Имено, Австријците оваа година го зголемија месечниот износ за штедење од прсечните 170 на 180 евра, покажува истражувањето на банката.

Меѓутоа, расположението за штедење во изминатите години бележи пад, со оглед на тоа што само 72 проценти од жителите смeтаат дека штедењето е важно.

Штедната книшка сеуште е омилениот облик за штедење на Австријците, бидејќи 81 процент од населението штеди на овој начин.

Секој четврти уплаќа пари во државниот фонд за пензиско осигурување, а една четвртина штедат користејки ги хартиите од вредност и фондовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП