Белград – СББ на компанијата Колберг Кравис Робертс (ККР) е продадена за милијарда евра, дознава агенцијата Бета од извори упатени во оваа трансакција. Според тие извори, ЕБРД која е малцински сопственик на СББ Телемах групата, заинтересирана е да ја задржи својата малцинска сопственост во таа компанија која е водечки кабловски и интернет оператор во југоисточна Европа. ЕБРД е малцински сопственик на СББ Телемах од 2007 година, кога мнозински сопственик стана Мид Европа Партнерс.
Букурешт – Кина е подготвена во период од пет години да отвори кредитни линии за земјите на Централна и Источна Европа, во износ од 10 милијарди долари, вели министерот Антиќ. Министерот за сообраќај на Србија Александар Антиќ во Букурешт присуствуваше на состанокот на претставниците на Народна Република Кина и Националните координатори на 16 земји на Централна и Источна Европа ЦИЕЗ. Механизмот за соработка на НР Кина и ЦИЕЗ е установен со цел да се поттикне непосредна економска соработка на овие земји, посебно низ видови на заедничко финансирање на големи проекти.
Белград – Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека владата ќе ја заштити нафтената компанија МОЛ, ако тоа е потребно. Претседателот на управата на МОЛ Жоли Хернади рече дека со таа компанија се е во ред и дека таа не е соочена со предизвици што не може да ги реши. Како што пренесе регионалниот деловен портал СЕЕбиз, Орбан и Хернади заедно положиле камен темелник за нова фабрика за бутадиен на петрохемискиот огранок на МОЛ, ТВК во градот Тисаујварош, на североистокот на Унгарија.
Њу Делхи – Голема метална плоча отпадна од дримлајнер Боингов авион на компанијата Ер Индија, сред летот од Делхи до Бангалор. Проблемите на Ер Индија со авионите дримлајнер на Боинг изгледа не престануваат. Имено, металниот панел отпаднал во саботата од трупот на авионот Боинг 787, сред лет од Делхи до Бангалор. Дримлајнер со 148 патници за среќа безбедно слетал на аеродромот во Бангалор. Дека недостасува металниот панел со димензии 1,2 на 2,5 метри било забележано во тек на подготовките на авионот за враќање во Делхи.
Њујорк – Американската бонитетна агенција Фич го стави кредитниот рејтинг на САД на набљудување со можност за намалување. Фич го стави врвниот кредитен рејтинг на САД ААА на набљудување и истовремено укажа на можноста дека американското министерство за финансии по 17 октомври може да банкротира, ако не се зголеми прагот на задолжување. – Американските власти не ја зголемија навремено границата на државниот долг, наведено е во соопштението на Фич.
Москва – Темпото на растот на БДП во Русија во третото тромесечје е еднакво на нула, изјави заменик министерот за економски развој Андреј Клепач. Се проценуваше дека Русија ќе биде во состојба да го спречи трендот на пад и стагнација на економијата кој сега е видлив, рече тој на состанокот на комисијата за буџет на Државната дума. Клепач прецизираше дека нултиот стопански раст од првото полугодие трае и во третото тромесечје.
Вашингтон – Истражувањата покажуваат дека многу работници во САД очекуваат да се пензионираат подоцна од што планирале. Погодени од рецесијата која многу ги намали инвестициите и вредноста на домовите, постарите Американци изгледа се помирија со тоа да одат во пензија подоцна и дека тоа повеќе не претставува одење од пазарот на трудот. Дури 82 отсто американски работници постари од 50 години очекуваат дека ќе мора да работат и за плата дури и кога ќе се пензионираат, покажуваат истражувањата на Асошиетед прес. Резултатите на анкетата покажуваат дека 47 отсто испитаници очекуваат да се пензионираат подоцна од што сметале. Мажите, малцинствата, родителите на мали деца, тие кои заработуваат помалку од 50.000 долари годишно, како и тие кои не поседуваат здравствено осигурување, се поподготвени да ги менуваат своите планови.
Рим – Извршниот директор на Уникредит банка Федерико Гичони потврди дека централната банка на Италија ги контролира книгите на кредитите на најголемите италијански банки по обемот на средствата. Имено, Ројтерс претходно објави дека извори од банкарскиот сектор јавуваат дека Банката на Италија ги проверува книгите на кредитите на двете најголеми италијански банки Уникредит и Интеза Санпаоло. – Се работи за рутинска проверка – одговори Гичони на прашање на новинарите за контролата на кредитите од страна на централната банка, не изнесувајќи никакви дополнителни детали.
Москва – Обемот на неплатените кредити кои руските банки ги дале на физички лица за 9 месеци оваа година е поголем од 35 отсто во однос на истиот период лани. Сега тој обем достигна 422,5 милијарди рубљи (9,7 милијарди евра). Во септември обемот на тие кредити е зголемен 3,3 отсто, наведено е во прегледот на банкарскиот сектор на Банката на Русија. Вкупниот обем на кредити кои руските банки ги дале на физички лица е зголемен од јануари до септември 21,5 отсто, на 9,401 милијарди рубљи. Минатиот месец обемот на кредитирање пораснал 1,4 отсто.
Отава – Продажбата на недвижнини во Канада во септември пораснала 1 отсто во однос на претходниот месец. Сепак, вкупната деловна активност во овој сектор останува на нивото на просекот во последните 10 години, соопшти Канадската асоцијација за недвижнини АСИ. Бројот на продадените недвижнини во Канада во септември пораснал 18,2 отсто во однос на истиот месец пред една година. – Во тек на последните месеци, зголемената продажба на годишно ниво покажува колку продажбата била успорена лани поради најавата за заострување на примена на законот за хипотеките – објасни претседателот на АСИ Џорџ Кламп.