16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО16-годишен го собори рекордот на Бејл и му донесе 125.000 фунти на...

16-годишен го собори рекордот на Бејл и му донесе 125.000 фунти на дедо му

hari vilson

Талентот на Ливерпул, Хари Вилсон го собори рекордот на својот сонародник Герет Бејл за најмлад фудбалер кој настапил за репрезентацијата на Велс, и на тој начин му донесе заработка од 125.000 фунти на својот дедо.

Вилсон во вторникот се појави на теренот на натпреварот од квалификациите за Мудијалот во Бразил, против селекцијата на Белгија (1:1 ). Тој на возраст од 16 години и 207 дена, беше помлад од Бејл кој дебитираше за Велс на 16 години и 315 дена.

Дедото на младиот фудбалер, Пит Едвардс се пофали со својата добивка, откако  Хари бил само 18 месеци, во една обложувалница вложил 50 фунти на коефициент 2500 дека внук му ќе дебитира за селекцијата на Велс. Па така по натпреварот во вторникот дедото на Хари Вилсон е побогат за 125.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП