18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Pepsi

Зголемен профитот на Pepsi

P

Американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Pepsi“ во третиот квартал од оваа година оствари нето профит од 1,91 милијарди долари.

Тое е за помалку од еден процент повеќе во однос на истиот период минатата година.

Пазарот очекуваше послаби резултати, пренесува Ројтерс.

Интересно е тоа што компанијата го зголеми профитот благодарение на зголемената продажба на чипсот „Frito-Lay“, кој ја ублажи слабата продажба на пијалоци на северноамериканскиот пазар.

Нето профитот по акција во третиот квартал достигнал 1,23 долари по акција во однос на 1,21 долар во истиот период минатата година. Аналитичарите во анкетата на Ројтерс прогнозираа околу седум центи пониски цени за една акција.

Финансискиот директор на компанијата Хју Џонстон изјави дека зад компанијата стои „добар квартал“ и дека верува дека тоа ќе ги задоволи пошироките кругови на инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП