22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје продолжува со силни резултати и во 2023 година,...

Стопанска банка АД Скопје продолжува со силни резултати и во 2023 година, прокнижи добивка од 56 милиони евра

Нето-приходите од камати за 2023 година од 5.734.319 илјади денари, кои се зголемени за 1.530.047 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, ја “вивнаа” до небо добивката на Стопанска банка АД Скопје.

Добивката пред оданочување изнесува 3.852.932 илјади денари и во однос на 31.12.2022 г. е повисока за 47 %.

Нето-добивката за 2023 година изнесува 3.469.601 илјади денари или околу 56 милиони евра.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 812.616 илјади денари и се намалени за 10 % во однос на анализираниот период во 2022 година. Ова се должи на зголемени расходи од провизии кои Банката ги плаќа на компаниите кои ги обезбедуваат овие услуги, пред сѐ во сферата на платните системи и картичното работење, без притоа порастот на тие трошоци да го пренесе на крајните клиенти.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 145.506 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 611.793 илјади денари.

Политиката на оптимално управување со трошоците, без притоа да се одрази на квалитетот на работењето, се согледува преку нивото на оперативните трошоци од работењето, кои и во услови на пораст на цени и инфлаторни притисоци изнесуваат 2.170.129 илјади денари, повисоки за 9.8 % во однос на претходната година. Во рамките на овие трошоци, трошоците за вработените изнесуваат 1.064.545 илјади денари, повисоки за 11 % во однос на 2022 г.

Како резултат на принципите на Банката да одржува висок квалитет на кредитно портфолио во согласност со регулативата и интерната рамка за управување со кредитен ризик, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.375.923 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП