28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗамрзнатите цени на храната се темпирана бомба – може ли да нѐ...

Замрзнатите цени на храната се темпирана бомба – може ли да нѐ снајде „иде Дунав“?!

Владината мерка за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи може да има непредвидливи последици за економијата и стандардот на граѓаните, предупредуваат економисти и стопанственици.

Тие велат дека оваа мерка е краткорочна и неадекватна, бидејќи не ги решава проблемите со снабдувањето и побарувачката, туку само ги одложува и ги зголемува.

Според економистите, замрзнувањето на цените е погрешен потег, којшто може да доведе до неконтролиран пораст на цените по неговото укинување.

Тие велат дека во меѓувреме трговците може да увезуваат производи со пониски цени од замрзнатата цена и да создаваат резерви, коишто потоа ќе ги продаваат по повисоки цени. Исто така додаваат дека оваа мерка не е поврзана со законот за нефер трговски практики, којшто не може да ги спречи злоупотребите на трговците.

„Тоа што треба да го контролира државата не смее да штети на економијата и да се става на грбот на граѓаните. Оваа мерка е предизборно однесување наменето за граѓаните, а на штета на бизнисите“, коментираат економистите.

Стопанствениците, пак, велат дека македонската економија е мала, отворена и увозно зависна и дека секое од глобалните нарушувања како на пазарот на енергија и храна, се одразува на домашната економија.

Тие велат дека е потребно сериозно менаџирање на овие ефекти и капацитет за компензација на штетите на оние коишто немаат можност да го апсорбираат надворешниот економски монетарен шок.

„Соочени сме со значително зголемување на инфлацијата, коешто ќе има негативни последици за куповната моќ на граѓаните, но и за конкурентноста на домашните фирми. Затоа, потребно е да се преземат мерки за стабилизација на цените, а не за нивно замрзнување“, коментираат стопанствениците.

Владата, од друга страна, го брани своето одлучување и вели дека целта на мерката е да се заштитат граѓаните од нефер трговски практики и да се спречи спекулативно зголемување на цените.

Оттаму велат дека мерката ќе трае до донесувањето на законот за нефер трговски практики, којшто треба да ги регулира односите меѓу производителите, трговците и потрошувачите. Владата исто така вели дека мерката е во согласност со европските препораки и дека не ја загрозува економската стабилност.

– Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните. Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време – изјави пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП