3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРакување - стискањето на раката е најважно за првиот впечаток

Ракување – стискањето на раката е најважно за првиот впечаток

rakuvanje

Новото истражување го докажа старото тврдење дека според начинот на стискање на раката за време на првото ракување може да се оцени карактерот на лицето.

Во историјата ракувањето се користело како начин за да и покажете на другата личност дека немате оружје. Денес силното, сигурно и пријателски настроено ракување се препорачува во деловното и приватното опкружување.

Научниците го скенираа мозокот на 18 мажи и жени за време на гледањето на слики на луѓе кои се на деловен состанок. Скенирањето покажало позитивни реакции на мозокот кога личностите го виделе ракувањето кое било цврсто и сигурно.

Ракувањето не е само начин за да ги истакнете симпатиите, туку и за да ги спречите негативните мисли во околината.

Социјалните интеракции често можат да бидат негативни, но со едно ракувањетие тензии можат да се намалат на минимум.

„Не е важно само ракувањето, важно е и стискањето на раката“, изјави професорката Сандра Долкос, додавајќи дека стискањето на раката треба да биде„силно, сигурно и пријателски настроено“.

Научниците посочуваат  дека од голема важност е за време на ракувањето да се воспостави и контакт со очите. На тој начин покажувате дека сте самоуверена личност, која се цени себеси, особено во деловното опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП