2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТриесет милиони луѓе во светот се „модерни робови“

Триесет милиони луѓе во светот се „модерни робови“

slavery

Мавританија, Хаити и Пакистан се земјите со највисок дел на „модерно ропство“, покажува новиот „Светски индекс на ропството“, изготвен од фондацијата „Вок фри“ (Walk free).

„Светскиот индекс на ропството“ рангира 162 земји, оценувајќи го бројот на луѓето во секоја од нив кои се засегнати од широк спектар практики како принудна работа, трговија со луѓе, принудни бракови и користење на деца војници.

Околу 30 милиони луѓе во светот се „модерни робови“, според податоци на организацијата.

Во Мавританија најголем дел од населението живее во ропство, при што многу луѓе го наследуваат ропскиот статус од своите родители. Меѓу 140.000 и 160.000 жители на земјата се во ропство, или околу четири проценти.

Хаити е на второ место според индексот – околу десет проценти од децата се фатени во експлоаторскиот систем за злоупотреба на детскиот труд.

Пакистан е трет, со над 1,8 милиони луѓе во модерно ропство. Следува Индија, каде детскиот труд и принудните бракови се нешто вообичаено.

Фондацијата „Вок фри“ беше основана во 2012 година од австралискиот медиумски магнат Ендрју Форест.

Изработката на Светскиит индекс на ропствотро има поддршка на светски лидери како поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, поранешниот британски премиер Тони Блер и коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП