2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката на Италија ја проверува состојбата на UniCredit

Банката на Италија ја проверува состојбата на UniCredit

unicredit1

Извршниот директор на банката „UniCredit“ Федерико Гицони потврди дека централната банка на Италија ги прегледува податоците за кредити на најголемата италијанска банка според обемот на средствата.

Имено, Ројтерс претходно објави дека извори од банкарскиот сектор објавиле дека Банката на Италија ги проверува податоците за кредити на двете најголеми италијански банки (UniCredit и Intesa Sanpaolo).

„Се работи за рутинска проверка“, одговори Гицони на прашањето на новинарите за контролата на кредитите од страна на централната банка, без да изнесе дополнителни детали.

Извори од банката изјавија дека банката на Италија „го чешла“ портфолиото за кредити на „UniCredit“ и „Intesa Sanpaolo“ во рамките на акцијата за средување на билансот во пресрет на прегледот кој наредната година ќе го изврши Европската централна банка.

Италијанската банкарска асоцијација „АБИ“ вчераа соопшти дека обемот на лошите кредити во Италија минатиот месец го достигнал највисокото ниво од 1999 година. Долготрајната економска криза и рецесијата се причини за пораст на ризичните кредити, кои во септември изнесуваа 7,32 проценти од вкупните кредити, во однос на 7,2 проценти од пред 14 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП