25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната го зголеми трговскиот суфицит

Еврозоната го зголеми трговскиот суфицит

money3

Еврозоната во август го зголеми трговскиот суфицит, кој е еден од главните показатели на растот на економијата, покажуваат податоците на европската служба за статистика, Еуростат.

Во меѓувреме, инфлацијата во еврозоната значително се намали во септември на 1,1 проценти од 1,3 проценти кои беа забележани во август, пренесува Франс прес.

Еврозоната во голема мера се потпира на трговскиот суфицит на Германија.

Најновите податоци говорат дека еврозоната во август остварила трговски суфицит од 7,1 милијарди евра, што е значително повеќе во однос на 4,6 милијарди евра од истиот период минатата година.

Што се однесува на 28-те членки на Европската унија, овој блок во август забележал дефицит од 2,8 милијарди евра во однос на суфицитот од 10,3 милијарди евра кој беше забележан во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП