2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГолема ескалација: Убиени тројца американци, многу се ранети, Бајден најави одмазда

Голема ескалација: Убиени тројца американци, многу се ранети, Бајден најави одмазда

Тројца американски војници загинаа, а многу се ранети во напад со беспилотно летало врз американските сили стационирани во североисточниот дел на Јордан во близина на сириската граница, изјави во неделата претседателот Џо Бајден, обвинувајќи ги групите поддржани од Иран.

„Додека сè уште ги собираме фактите за овој напад, знаеме дека тој е извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран и кои дејствуваат во Сирија и Ирак“, рече Бајден во изјавата.

Ова се првите жртви меѓу американските војници од почетокот на војната во Газа.

Бајден рече дека нападот се случил во саботата вечерта, а Белата куќа вели дека претседателот бил известен во неделата наутро.

„Ќе продолжиме со нивната посветеност во борбата против тероризмот. И не се сомневајте – секој кој стои зад нападот ќе одговара во моментот и на начин на кој сами ќе избереме“, додаде тој.

Во изјавата на Бајден не се наведува колку војници се ранети, но Си-Ен-Ен зборува за најмалку дваесет.

Јордан во неделата изјави дека нападот не се случил на негова територија, туку во Сирија.

Портпаролот на јорданската влада Муханад ал Мубајдин изјави за јорданската јавна телевизија дека цел на нападот била американската база Ал Танф во Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП