3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за преобразба на друштвата со ограничена одговорност во акционерски друштва

Работилница за преобразба на друштвата со ограничена одговорност во акционерски друштва

stock-exchagne

Комисијата за хартии од вредност, Стопанската комора на Македонија, Меѓународната финансиска корпорација, Секретаријатот за економски прашања, образование и истражување на Швајцарија и Институтот на директори
организираат работилница насловена „Зошто и како вашето друштво со ограничена одговорност да го преобразите во aкциoнерско друштво“.

Работилницата има за цел да ги поттикне друштвата со ограничена одговорнсот да се трансформираат во акционерски друштва и да емитираат акции и кооперативни обврзници преку кои полесно, побрзо, поефикасно и поефтино ќе дојдат до потребните финансиски средства за реализација на своите бизнис проекти. Ова според организаторите ќе го заживе пазарот на капитал и ќе ја збогати понудата на хартии од вредност.

Воведничари се претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингароска, извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева и Зоран Мартиновски претставник на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во Македонија.

Преку презентации ќе се симулира практичен пример на преобразба на едно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво, а ќе биде промовиран и прирачник за преобразба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП