5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА АСТРОНОМИТЕ! Телескопот Хабл пронајде исклучително важен ресурс на егзопланета...

ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА АСТРОНОМИТЕ! Телескопот Хабл пронајде исклучително важен ресурс на егзопланета слична на Земјата (ВИДЕО)

Со помош на вселенскиот телескоп Хабл, астрономите за прв пат успеаја директно да откријат водена пареа во атмосферата на малата егзопланета GJ 9827d, која е карпеста како Земјата и само двојно поголема од неа. Планетата се наоѓа во соѕвездието Риби, во ѕвездениот систем GJ 9827 и е оддалечена од Земјата 97 светлосни години. Тоа би можело да биде пример за планета со атмосфера богата со вода каква што може да се најде на друго место во нашата галаксија.

-Ова беше прв пат кога, користејќи атмосферско детекција, можевме директно да покажеме дека планети со атмосфери богати со вода можат да постојат во други ѕвездени системи – рече членот на тимот Бјорн Бенеке од Универзитетот во Монтреал.

-Ова е важен чекор кон утврдување на распространетоста и разновидноста на атмосферите на карпестите планети – додаде тој.

Сè уште не е познато дали доминира водата или водородот

Сепак, научниците истакнуваат дека сè уште е рано да се каже дали Хабл спектроскопски измерил мала количина на водена пареа во атмосфера богата со водород или дали атмосферата на планетата главно се состои од вода што останала по првобитната атмосфера на водород и хелиум која испарува под влијание на ѕвезденото зрачење.

-Нашата програма за набљудување е дизајнирана да открие молекули во атмосферата на планетата, но и да бара водена пареа. Двата резултати би биле возбудливи, без разлика дали водената пареа е доминантна или е само мал дел од атмосферата во која доминира водородот – изјави водечкиот автор на научното дело Пјер-Алексис Рој од Универзитетот во Монтреал.

Почнува нова ера на откривање вода на егзопланети

Авторите истакнуваат дека досега не било можно директно да се најде атмосферата на толку мала планета, но дека сега започнува ерата на вакви откритија.

-Во одреден момент, додека ги проучуваме помалите планети, мора да има преодна точка каде што нема повеќе водород на толку мали светови, а тие имаат атмосфера повеќе слична на Венера во која доминира јаглерод диоксид – додаде Бенеке.

Планетата е жешка како Венера

Бидејќи планетата е жешка како Венера и има атмосфера полна со водена пареа на температура од околу 425 степени, дефинитивно не е особено гостопримлива за животот. Авторите на студијата во моментов разгледуваат две можни толкувања на наодите.

Според еден од нив, планетата сè уште има атмосфера богата со водород, која е прошарана со вода, што ја прави слична на минијатурен Нептун. Според друга, тоа би можело да биде потопла верзија на Јупитеровата месечина Европа, која има двојно повеќе вода под својата ледена кора од Земјата.

-Планетата GJ 9827d би можела да биде направена од половина вода и половина карпа. Во тој случај, на неа би имало многу водена пареа над некое помало карпесто тело – изјави Бенеке.

Планетата веројатно мигрирала

Ако некоја планета има преостаната атмосфера богата со вода, тогаш таа мора да се формирала подалеку од нејзината матична ѕвезда, каде што температурата била ниска, а водата била достапна во форма на мраз. Според ова сценарио, таа постепено мигрирала поблиску до ѕвездата и добивала се повеќе зрачење. Водородот, кој е многу лесен, се загреал и избегал од планетата или можеби сè уште е во процес на бегство од слабата гравитација на планетата.

Алтернативна теорија е дека планетата настанала во близина на жешка ѕвезда со траги од вода во атмосферата.

Атмосферата била забележана за време на транзитот

Три години Хабл ја набљудувал планетата за време на 11 транзити, односно поминување на планетата пред нејзината матична ѕвезда. За време на таквите транзити, ѕвездената светлина се филтрира низ атмосферата на планетата, така што го носи спектралниот отпечаток на нејзиниот состав, во овој случај молекули на вода. Ако има облаци на планетата, тие се доволно ниски во атмосферата што Хабл може да открие водена пареа над нив.

Откритието на Хабл ја отвора вратата за подетално проучување на планетата. Тие би требало да бидат овозможени од телескопот Џејмс Веб, кој би можел да користи инфрацрвена спектроскопија за да бара други молекули во атмосферата. Планетата GJ 9827d беше откриена од вселенскиот телескоп Кеплер на НАСА во 2017 година. Орбитира околу црвено џуџеста ѕвезда на секои 6,2 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП