28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСлучајно објавени слики од најтаинствениот модел (ФОТО)

Случајно објавени слики од најтаинствениот модел (ФОТО)

Слики од новиот престижен модел на марката „Jeep“, „Wagoneer S“, беа објавени на „Facebook“ страниците на компанијата „Stellantis“, добри девет месеци пред неговото официјално претставување.

Фотографиите брзо беа избришани, но веќе завршија во папките на разни ентузијасти и автомобилски новинари ширум светот.

Сликите потврдуваат дека елегантниот, импресивен дизајн првпат прикажан во 2022-ра година е во голема мера непроменет за време на процесот на трансформирање на автомобилот од концепт во подготвен за пазар конкурент со гиганти како што се „BMW iX“, „Audi Q8 e-tron“ и претстојниот „Range Rover Electric“.

Не можете да видите што има внатре, но најверојатно ќе изгледа слично на „Grand Wagoneer“. Овој автомобил има еден куп екрани, вклучувајќи посебен за контрола на климата и друг само за совозачот. Во „Grand Wagoneer“ може да се сместат до осум луѓе, но „Wagoneer S“ ќе може да смести пет патници.

Во однос на техничките карактеристики, „Jeep Wagoneer S“ ќе биде првиот автомобил што ќе ја користи целосно новата „STLA Large“ архитектура, истата технологија што „Alfa Romeo“ и „Maserati“ ќе ја користат за своите предводници.

Архитектурата овозможува големини на батерии кои се движат од 85 kWh до 118 kWh, а „Wagoneer S“ се очекува да користи најголема можна единица, бидејќи „Jeep“ вели дека цели 650 километри со едно полнење.

Исто така, ќе има погон на четири тркала, ќе биде погоден за возење надвор од патот како неговите „браќа“, а ќе произведува 592 ks, што ќе му овозможи да достигне 0 до 100 km/h за 3,5 секунди.

„Jeep Wagoneer S“ треба да биде претставен и да се појави во продажба во САД подоцна оваа година, а во Европа ќе биде достапен во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП