19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија пораснала за 3,3 отсто во четвртиот квартал

Американската економија пораснала за 3,3 отсто во четвртиот квартал

Економијата на САД се зголеми за 3,3 отсто во четвртиот квартал, надминувајќи ги проценките, според првото читање на Министерството за трговија во четвртокот.

Бројката беше многу повисока од очекуваното од два отсто, а експанзијата на американската економија забави од 4,9 отсто во третиот квартал, пренесува Anadolu Agnecy.

БДП порасна за 4,8 отсто или 328,7 милијарди долари, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Личниот приход порасна за 224,8 милијарди долари во периодот октомври-декември, по растот од 196,2 милијарди долари во третиот квартал, се додава во соопштението.

Индивидуалните заштеди изнесуваат 818,9 милијарди долари во четвртиот квартал, што е помалку од 851,2 милијарди долари забележани во периодот јули-септември, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП