29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФеит ги презентираше своите лаборатории пред бизнис заедницата

Феит ги презентираше своите лаборатории пред бизнис заедницата

bbbb

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Миле Станковски, при денешната презентација на факултетските лаборатории, ја повика бизнис заедницата од Македонија да ги користи нивните можности во унапредување на сопствените потенцијали.

Целта на промоцијата беше работодавачите да се запознаат со можностите што ги нудат овие лаборатории за соработка меѓу науката и стопанството, како и потенцијалите за научно-истражувачката дејност.

„Како високо-образовна институција работиме на три дејности: едукација, наука и апликација. Целокупната опрема во овие лаборатории ќе ја користиме и за едукација и за научно-истражувачка дејност и за аплицирање на знаењето преку разни проекти и за нашите студенти, за професорите, но и за компаниите“,објасни професор Станковски, декан на ФЕИТ.

pppp

ФЕИТ е факултет со најголем број научно-истражувачки проекти на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а со тоа и во државата.

Претставниците на бизнис заедницата ја разгледаа опремата и ги осознаа сите можности за мерења и испитувања на лабораториите за оптички комуникации, за процесирање сигнали во телекомуникациите, за мерење еколошки параметри и за дигитални видеосистеми.

„Овие лаборатории се од големата корист за стопанството, за индустријата и за сервисните компании кои можат да го прошират својот бизнис во сферата на оптичките комуникации, дигиталното процесирање на сигнали, дигиталната обработка и преносна видеосигнали и подобрување на еколошката состојба во Република Македонија“ – изјави Јован Стошиќ, менаџер во „Македонски Телеком“, кој беше еден од четириесетмината претставници на македонски компании присутни на презентацијата.

Според него, со овие лаборатории се проширува полето на коешто ФЕИТ ги образува своите студенти, магистранти и докторанти од областа на телекомуникациите и со ова го следи трендот во развојот на новите технологии. 

lll

Овие четири лаборатории се дел од 80-те лаборатории од проектот на Владата на Република Македонија – „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност“, кој се спроведува преку Министерството за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП