10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро Windows 8 со 40.000 апликации

Наскоро Windows 8 со 40.000 апликации

win8

„Windows 8“ наскоро ќе достигне значајна пресвртица со тоа што ќе ја премине границата од 40.000 апликации во текот на денешниот ден.

Собраните податоци од страна на „Metro Store Scanner“ покажуваат дека од  27 декември минатата година, во „Windows Store“  се додадени 5.000 апликации за „Windows 8“, што значи дека секој ден во новиот оперативен систем во „Windows Store“ се додаваат по 156 апликации.

Дефинитивно стапката е намалена од 14.557 апликации, за колку што се зголеми „Windows 8“ во првите 35 дена, а тогаш дневното додавање изнесуваше 415 апликации, додека кон крајот на декември додадени се 35.000  апликации.

Во текот на празничниот период, продадени се милион уреди базирани на „Windows 8“ оперативниот систем, а се предвидува дека до почетокот на април ќе се достигне до 50.000 апликации.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП